Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајфунот Раи ги опустоши Филипините: 400.000 луѓе евакуирани, најмалку 142 загинати

Бројот на загинати од најсилниот тајфун на Филипините оваа година се искачи на 142, соопштија властите.

Најголем број на смртни случаи има во провинцијата Бохол, која се наоѓа на истоимениот остров – 72 од жртвите се од островот.

Десет луѓе беа убиени на островот Динагат, а тамошен официјален претставник изјави дека „од 90 до 95 отсто“ од покраината се оштетени или целосно уништени.

Гувернерот на Динагата, Арлин Баг претходно го спореди овој тајфун наречен Раи со супертајфунот Хаијан, најмоќниот во историјата, кој однесе 6.300 животи на Филипините во 2013 година.

Најмалку 18 лица загинаа во блиската провинција Западен Негрос, а 16 лица ги загубија животите на островот Себу.

Во уште осум провинции во средината и југот на островската држава загинаа 26 лица.

Раи, за кој беа евакуирани 400.000 луѓе, во саботата ја премина територијата на Филипините и се упатува кон централен Виетнам и кинескиот остров Хаинан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!