Вие имате прво да ја знаете вистината

Хрватскиот Претседател ја откажа посетата на Босна, му била загрозена безбедноста

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја откажа денешната посета на Босна и Херцеговина каде требаше да ги посети Травник и Нова Била.

Кабинетот на претседателот на Република Хрватска соопшти дека поради безбедност е откажана најавената посета на претседателот Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и патувањето по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат до Нова Била и Босна Сребрена“.

Тао беше краткото соопштение испратено утрово од кабинетот на претседателот на Хрватска.

Во првите информации не можеше да се дознае какви безбедносни закани го чекаат Милановиќ во БиХ.

Сепак, Јутарњи лист од други извори дознава дека одлуката да не се оди на годишнината од хуманитарниот конвој била исклучиво на Милановиќ, а безбедносната разузнавачка агенција (СОА) само му доставила на работната маса информации дека нема биде добро примен во БиХ. .

Одлуката се заснова на одлуката на Кабинетот на претседателот, а факт е дека во медиумите во БиХ доминира хушкачка атмосфера. Исто така факт е дека на патот преку кој поминувал хуманитарниот конвој, има населби со мешовито население, но и такви со исклучиво бошњачко население, вели за ваквата ситуација соговорникот на Јутарњи лист.

Еден соговорник на Јутарњи лист посочува дека негативната атмосфера насочена кон Милановиќ се вжештила бидејќи на Бошњаците им одговара да го тргнат вниманието од изборниот закон. Тој вели дека сигурно е дека повеќе би сакале да зборуваат за Сребреница отколку за потребата од промена на изборниот закон и рамноправноста на сите три конститутивни народи, односно правото на Хрватите да избираат свој претставник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!