Вие имате прво да ја знаете вистината

Четврта светска титула за норвешките ракометарки

Женската ракометна репрезентација на Норвешка ја освои титулата светски првак совладувајќи ја вечерва во 25-то мундијалското финале Франција со 29:22 (12:16).

Финалето одиграно во шпанскиот град Гранолерс донесе две различни полувремиња. Французинките, кои на Игрите во Токио го освоија златниот олимписки медал, доминираа во првиот дел и заминаа на пауза со високи плус четири голови предност (16:12).

Продолжението, сепак, донесе дијаметрално спротивна слика на теренот и апсолутна надмоќ на Норвежанките, кои направија целосен пресврт и го добија вториот дел со неверојатни 17:6.

Заслугите за норвешкиот резултатски пресврт пред сè ги заслужи голманката Силје Солберг со 11 одбрани во вториот дел, од кои осум беа при контранапади на Французинките.

Норвешка ја освои својата четврта титулата во историјата на светските првенства и се израмни по бројот на златни одличја со Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!