Вие имате прво да ја знаете вистината

Љубовта на братчето и сестричката нема граници, шест милиони луѓе го гледаа и плачеа (видео)

Дека љубовта на братот и сестрата нема граници докажува и ова видео на Карина Бенет, која ги стопи и најтврдите срца.

Имено, корисничката на TikTok објави видео од нејзините две деца, синот и ќерката како се гушкаат пред да се разделат – секое од нив отишло во својата училница бидејќи почнало училиштето.

Она што беше значајно е фактот што за малата сестра тоа беше прв училишен ден, а постариот брат ја тешеше и поддржуваше. Видеото брзо стана вирално и собра речиси 6.000.000 лајкови. Коментарите беа позитивни и полни со пофалби за момчето и за тоа колку добро се однесуваа децата, а ги имаше околу 21.000.

„Одлично родителство! Тој е заштитник и таа знае дека е безбедна додека тој е таму“, вели еден TickToker.

„Таа врска е нераскинлива“, „Ова е најдобриот брат“, „Господ да те благослови“, „Само што се нашминкав и почнав да плачам“, „Не, не плачам, сега ми се стопи срцето. ..” , се само дел од коментарите.

Видеото беше наречено „Најдобриот брат на светот“ и доби над 800.000 лајкови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!