Вие имате прво да ја знаете вистината

Албанците му подготвуваат жеШко добредојде на Вучиќ во Тирана, ќе има големи протести поради неговото доаѓање

Поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша најави дека денес пред седиштето на Демократската партија во Тирана ќе почнат протести против иницијативата Отворен Балкан.

Оттаму учесниците на протестот ќе се упатат кон зградата каде што ќе се одржи состанокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, на кој ќе присуствуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, објави албанската ABC News.

Бериша од самиот почеток се спротивстави на иницијативата, наведувајќи дека главната цел на протестот е „пакт направен од Рама и Вучиќ“.

На протестите се приклучи и поранешната косовска министерка за дијалог меѓу Белград и Приштина, Едита Тахири, која на својот Твитер профил изјави дека Отворен Балкан ќе ја стави нацијата под српска хегемонија.

Александар Вучиќ, во понеделник и вторник ќе престојува во Тирана, каде ќе учествува на средба со премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, во рамки на регионалната иницијатива. Отворен Балкан. Како што дознава Еуроњуз Србија, по тој повод ќе бидат потпишани дури шест договори за соработка.

Состаноци во рамки на иницијативата се очекуваат во Тирана на 20 и 21 декември, а како што претходно најави Вучиќ, претстојните средби ќе донесат многу добри и важни заклучоци и многу придобивки за граѓаните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!