Вие имате прво да ја знаете вистината

Анастасија Ражнатовиќ размислува да осигура делови од телото

Анастасија Ражнатовиќ освен што е ќерка на познатата фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, позната е и по својата убавина, која многумина ја коментираат.

Меѓутоа, фановите на Анастасија забележале уште нешто што многу им се допаднало, а тоа се нејзините долги нозе.

Ражнатовиќ често се фотографира и нејзините нозе се во преден план, а сега доби интересен предлог од еден обожавател.

Покрај Снеки и Брена, мислам дека овие нозе би можела да ги осигура и Анастасија – напиша еден од нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а Анастасија го сподели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!