Вие имате прво да ја знаете вистината

Вооружен маж во Париз зеде две жени за заложнички: Силни полициски сили на местото на настанот

Маж вооружен со нож држи две жени како заложнички во продавница во Париз, пренесува АФП, повикувајќи се на извор во полицијата.

На местото на настанот пристигнале силни полициски сили кои се обидувале да ги ослободат киднапираните жени. Целиот круг околу местото на драмата е затворен за пристап, а градските власти ги повикаа парижаните да не доаѓаат во овој дел од градот.

Според првичните информации, киднаперот е познат по психичките проблеми. Станува збор, како што се истакнува, за поранешен туниски судија по име Абдераман Б.Ј.(56).

Меѓу другото, тој побара да разговара и со францускиот министер за правда, Ерик Дупон Морети. Морети ги известил специјалците дека им стои на располагање.

Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар изјави дека оди на местото на настанот, апелирајќи до сите граѓани да се држат настрана од тоа подрачје и да ги следат упатствата на полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!