Вие имате прво да ја знаете вистината

Започнала да се занимава со фитнесто на 70 години! За кратко време успеала да стане инспирација за многумина (фото)

Џоан Мекдоналд почнала да се занимава со фитнес на 70 години со цел да си го подобри здравјето, а набрзо станала инспирација за многу луѓе.

Докторот и порачал во 2016 година дека треба да почне да зема повеќе лекови бидејќи има проблеми со притисокот. Поради лековите, таа водела битка со рефлукс на киселина, што и го отежнало секојдневниот живот. Нејзината ќерка ја предупредила дека ќе заврши во болница доколку не направи нешто.

Потоа двете заедно почнале да одат на тренинзи, а по една година Џоан отворила и свој профил на социјалната мрежа, Инстаграм. Таа профилот го користи за да ги поттикне луѓето да почнат да се грижат за своето здравје, кондиција и исхрана.

Во едно нејзино интервју за одреден магазин таа изјавила кои работи секој треба редовно да ги прави:

Јадете пет помали оброци дневно, кои се полни со протеини и здрави масти. Спијте седум или осум часа. Консумирајте три литри вода дневно. Задолжително вежбајте наутро, посочила таа.

Велосипедизмот и е омилен облик на вежбање, а вози автомобил само ако оди на долго патување. Таа се надева дека за 10 години ќе продолжи да биде толку силна и активна како што е и сега.

Не се гледам како стареам. Имате повеќе слободно време во пензија и треба паметно да го искористите – додаде таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!