Вие имате прво да ја знаете вистината

Илон Маск плаќа 11 милијарди долари данок: Јас сум најголем даночен обврзник во американската историја

Бизнисменот Илон Маск на социјалните мрежи објави дека годинава ќе плати 11 милијарди долари (9,77 милијарди евра), што го прави, како што вели, најголемиот даночен обврзник во историјата на САД. Со 244 милијарди долари (216 милијарди евра), Маск е и најбогатиот човек во историјата.

Пандемијата на Ковид-19 зафати многу луѓе ширум светот, многумина останаа без работа, а приходот на „обичните“ луѓе во најдобар случај стагнира. Во САД 3,3 милиони луѓе паднаа во сиромаштија, додека профитот на некои вртоглаво порасна. 100 нови милијардери се појавија во САД. На пример, Џеф Безос, Бил Гејтс, Лери Елисон, Лери Пејџ и најбогатиот човек на земјата, Илон Маск, значително го зголемија своето богатство.

Сопственикот на производителот на електрични автомобили Тесла на социјалната мрежа објави дека годинава ќе плати даноци над 11 милијарди долари.

Со објавениот текст, Маск најмногу одговараше на бројните критики во врска со наводното затајување данок. Демократската сенаторка Елизабет Ворен неодамна го истакна ова, пишувајќи на социјалните мрежи дека Маск „треба да плаќа данок“ откако магазинот Тајм го прогласи за личност на годината.

Маск одговори дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“. Неговата водечка компанија, Тесла, вреди повеќе од 1 трилион долари, а Маск продаде повеќе од 14 милијарди долари (12,44 милијарди евра) акции во последните недели.

На почетокот на ноември, Маск објави анкета на социјалните мрежи во која ги праша своите следбеници дали да продадат десет отсто од акциите, а корисниците го поддржаа. Така тој протестира против идејата за посебен данок за милијардерите предложена од демократите. Маск во неколку наврати истакна дека не добива никакви плати или бонуси од своите компании, па затоа нема приходи за кои може да плаќа данок.

Меѓутоа, Маск добил милијарди долари во „берзански опции“ кои потоа ги купува или продава кога компанијата ќе ги исполни своите деловни планови. Така, Маск може да ги купи акциите на Тесла за 6,24 долари (5,55 евра), иако нивната вредност моментално е 932 долари (828 евра).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!