Вие имате прво да ја знаете вистината

Карим Бензема со видео ја покажа својата импресивна колекција на автомобили (видео)

Фудбалерот на Реал Мадрид се пофали со неговата богата колекција на автомобили од неговата гаража.

Познатите фудбалери и скапите автомобили се комбинација која изгледа неизбежна, а на овој луксуз не можеше да одолее напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, секако еден од најдобрите фудбалери на планетата во моментов.

33-годишниот Французин преку видео на својот канал на платформата Јутјуб јавно ја претстави својата колекција на автомобили.

Бензема се потрудил претставувањето на своите миленици на четири тркала да изгледа како во ТВ емисија, а користел модерни камери, дронови и друга слична опрема. Бензема помеѓу автомобилите ги поседува: Bugatti, Mini Cooper, BMW, Audi и други.

На приложениот видео можете да ја погледнете кратката емисија на Бензема за неговите скапи автомобили.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!