Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралицата Елизабета со апел до принцот Вилијам да прекине да го користи кралскиот хеликоптер!

Британската кралица Елизабета Втора апелираше до принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон да престанат да летаат со хеликоптери, пишува Daily Mirror. Таа ги замолила нејзиниот внук, неговата сопруга и правнуците да се откажат од овој тип на воздушен превоз од безбедносни причини. Кралицата се плаши дека семејството може да загине во несреќа.

Според експертите, претходното непишано правило им забранувало на високите членови на кралското семејство да летаат со хеликоптер. Протоколот бил олеснет бидејќи семејството на принцот Вилијам многу се проширило. Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон заедно со нивните деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, почнаа често да летаат на дестинација помеѓу Лондон и Норфолк.

Според обајвите, за само еден месец во 2021 година, имало две хеликоптерски несреќи на кралското семејство. Прво, беше откриен дефект на кралскиот Сикорски С-76, подоцна еден од планираните правци беше откажан поради лошото време. Претходно, принцот Вилијам се обиде со хеликоптер да спаси момче кое се борело за својот живот во езерото. Несреќата се случила на езеро во близина на Лондон, во паркот Ли, во мај 2017. Тинејџерот потонал под вода кога се обидел да доплива до островот кој се наоѓа среде езерото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!