Вие имате прво да ја знаете вистината

Николас Кејџ: Никогаш нема да го погледнам мојот нов филм

Во акционата комедија „The Unbearable Weight of Massive Talent“, познатиот актер Николас Кејџ, се толкува себеси, но и неговите најпознати филмски улоги.

Во филмот, Николас игра улога на „измислен лик т.е. тој“ – лик кој мора да прифати работа од милион долари поради неуспехот на неговата актерска кариера. Ситуацијата набрзо се менува, па ЦИА е принудена да интервенира, а Николас за да го спаси сопствениот живот и животите на своите најблиски, има задача да се маскира во лик кој го играл во текот на неговата кариера.

Реакциите на трејлерот се различни – додека некои со ентузијазам едвај чекаат да го видат Кејџ во оваа реализација, други ја нарекуваат идејата ја нарекуваат „луда“.

Актерот, пак, изјави дека не планира да го гледа филмот.

Никогаш нема да го погледнам. Ми рекоа дека е добар филм. Но, едноставно, крајно е лудо да одите во кино и да се гледате себеси, и таа невротична верзија од себе. Која воопшто не сум јас – изјави неодамна актерот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!