Вие имате прво да ја знаете вистината

НИКОЛА ТЕСЛА ПОСТеше цело време, цел живот носеше ИСТ конфекциски БРОЈ на облеката и никогаш не јадеше од “тркалезни” ЧИНиИ

Никола Тесла беше српски пронаоѓач, електро и машински инженер и футурист, најпознат по неговиот придонес во дизајнирањето на модерен електроенергетски систем со наизменична струја.

Многу приказни се раскажани за неговиот живот, но малкумина се занимаваат со приказната од друг агол – кулинарски.

Повеќе од две децении, Милијан Стојаниќ, инспириран од признанијата на Тесла за гастрономија, ги истражува неговите навики за исхрана, низ неговото патување во Европа и Америка.

Млеко, млечни производи, сирења, се производи кои никогаш не недостигала на неговото мени и нив најмногу го консумирал Никола Тесла, како и се останато од растително и животинско потекло. Јадеше јагнешко, особено такво јагнешко, какво што сакаше да го подготвуваат неговите готвачи во Америка – изјави Стојаниќ.

Меѓутоа, месото целосно го исфрлил од исхраната на 65 години, поради проблеми со простатата, кога се префрлил на вегетаријанско мени, со различни комбинации со целер.

Тоа што него го крепеше во животот се млечните производи, мед, коњак или виски, малку вино, но сето тоа во умерени количини. Така Никола Тесла јадеше два пати на ден, без разлика дали бил во Смиљан, во Европа, во Америка. И тоа што Тесла им го кажуваше на сите – не се прејадувајте и не брзајтеда заминете на оној свет, додава Стојаниќ.

Никола Тесла кога бил мал не знаел да пишува и црта со десната рака, но сето тоа го правел со левата рака и со голема тешкотија цртал кругови, тогаш кога учителот го барал тоа од него, а тој буквално тоа го мразел и затоа никогаш не јадел од тркалезни чинии, вели Стојаниќ.

Растејќи како дете на православен свештеник, познатиот научник се придржувал и до навиките што ги стекнал во детството. Со сите специфики за исхраната, Никола Тесла постел цел живот. Така тој го носеше истиот конфекциски број до крајот на животот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!