Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови правила за влез во Австрија! Без карантин ќе може да влезат само оние кој што имаат примано трета доза

Во Австрија без карантин од денеска ќе можат да влезат само оние кои биле целосно вакцинирани против вирусот Ковид-19 или оние кои го преживеале вирусот. За сите останати задолжителен ќе биде актуелниот десетдневен карантин при преминување на границата, кој може предвреме да се прекине по пет дена со добиен негативен тест. Задолжителна исто така ќе биде и регистрацијата на веб порталот.

Целосно без ограничувања во Австрија ќе може да влезат само вакцинираните лица кој имаат примено три дози на вакцината против вирусот. Оние кои биле вакцинирани, но не и со трета доза, ќе мора да се самоизолираат. Самоизолацијата ќе може да се избегне со негативен PCR тест кој не треба да биде постар од 72 часа.

Исклучок од правилата е барањето за бремените жени и лицата на кои не им се препорачува вакцинација од здравствени причини и кои имаат посебно лекарско уверение.

Покрај тоа, за децата ќе важат посебни правила. Децата до 12 години ќе мора да патуваат во придружба на возрасно лице кое ги исполнува сите пропишани услови, во спротивно, како и нивниот возрасен придружник, ќе мора да одат во карантин или самоизолација и да аплицираат електронски за влез во државата.

Другите деца, пак, ќе можат да влезат во државата со потврда односно Ковид-19 сертификат добиен во училиштето или со слични докази за негативно тестирање на вирусот.

Дневните посетители, исто така, ќе бидат ослободени од строгите правила и ќе продолжат да подлежат на правилото за ДСП (преболете го вирусот, вакцинирајте се, тестирајте се).

Овие построги правила за влез во државата носат со себе големи предизвици, особено за луѓето кои патуваат во странство за време на празниците. Но, во исто време придонесуваат за итно се да се запре ширењето на новиот вд на вирусот, Омикрон во Австрија, изјави министерот за здравство Волфганг Мукштајн.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!