Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавена компромитирачка фотографија од Борис Џонсон, соработниците го бранат: „Не е така, сè погрешно сте разбрале“

Фотографијата на која се гледа британскиот премиер Борис Џонсон и повеќе од десетина луѓе како пијат вино во градината на неговата резиденција во Даунинг Стрит за време на „заклучувањето“ минатата година, не е од забава, туку од работна средба, рече неговиот заменик денеска.

На фотографијата, објавена од Гардијан, се гледаат Џонсон и неговата сопруга Кери, која изгледа како да го држи новородениот син и уште две лица на маса на тераса во Даунинг стрит Гарден, а уживаат со сирење и вино.

„Даунинг стрит често ја користи оваа градина за работа во летните месеци“, изјави Доминик Рааб за радиото Тајмс.

Гардијан, кој ја објави фотографијата, пишува дека се работи за собир во мај 2020 година, при првото затворање. Во тоа време имало строги правила за собирање, забранувајќи повеќе од две лица на отворено.

„Навистина не мислам дека ова е класифицирано како забава“, рече Рааб. „Мислам дека тоа не беше забава. Имате луѓе во одела по состаноците што ги имаа на работа.

„Во оваа прилика се работеше за состанок на персоналот по прес-конференцијата“, рече владиниот портпарол.

Тој додаде дека Даунинг стрит 10 е домот и работното место на премиерот и дека неговата сопруга исто така живее и ја користи градината таму.

Џонсон е на удар на критичарите, вклучително и за пишувањето дека неговиот персонал организирал забава минатиот Божиќ кога земјата беше во „заклучување“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!