Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриени детали за ужасните злосторства во Мјанмар: Армијата убива и мачи цивили, некои дури биле каменувани

Војската на Мјанмар изврши неколку масовни злосторства врз цивили во јули минатата година, при што уби најмалку 40 луѓе, преку сопствената истрага резултатите ги објави Би-Би-Си.

Очевидци и преживеани рекоа дека војниците, некои на возраст од 17 години, ги собрале селаните, ги разделиле мажите и ги убиле. Се чини дека видеата и фотографиите од инцидентот покажуваат дека повеќето од убиените прво биле мачени, а потоа закопани во плитки гробници.

Убиствата се случиле во јули 2020 година, на четири различни локации во метрополитенската област Кан, опозициските бастиони во регионот Сагаинг во централен Мјанмар.

Војската се соочува со цивилен отпор откако по пучот во февруари ја презеде контролата врз земјата, соборувајќи ја демократски избраната влада предводена од Аунг Сан Су Чи.

БиБиСи разговараше со 11 сведоци во Канија и ги спореди нивните тврдења со снимките од мобилните телефони и фотографиите собрани од Myanmar Witness, британска невладина организација која ги истражува прекршувањата на човековите права во Мјанмар.

Најголемото убивање се случило во селото Јин, каде што најмалку 14 мажи биле мачени или претепани до смрт, а нивните тела биле фрлени во шумски ров.

Сведоците во Јин, чии имиња се сокриени од јавноста за да го заштитат нивниот идентитет, изјавија за Би-Би-Си дека мажите биле врзани со јаже и тепани пред да бидат убиени.

„Не можевме да ја издржиме глетката, па низ солзи го тргнавме погледот“, вели една жена чиј брат, внук и девер се убиени.

„Ги молевме да не го прават тоа. Ним не им беше грижа“, рече таа, додавајќи дека присутните жени прашале дали нивните сопрузи се меѓу мажите, на што војниците им одговориле дека доколку се, тогаш треба да се простат со нив.

Еден човек кој успеал да го избегне масакрот рече дека војниците им нанесувале страшни повреди на мажите со часови пред да умрат.

„Беа врзани, удирани со камења и кундаци и мачени цел ден“, рече преживеаниот.

„Некои војници изгледаа млади, можеби на 17 или 18 години, но некои беа навистина стари. Со нив беше една жена“, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!