Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради одмазда мајмуни убиле 250 кучиња, ги фаќаат па ги фрлаат на земја од високи дрвја и згради (видео)

Група мајмуни во Индија убиле 250 кучиња од одмазда во последниот месец, фрлајќи ги од високи дрвја и згради.

Жителите на Лавула, град во сојузната држава Махараштра со околу 5.000 жители, на околу 480 километри од Мумбаи, велат дека мајмуните почнале да одмаздуваат пред еден месец откако глутница кучиња убила млад мајмун.

Оттогаш мајмуните фаќаат кучиња, ги влечеле и ги фрлале од високи дрвја и куќи.

На местото речиси и да нема повеќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.

Фотографиите и видеата од локалните медиуми покажуваат мајмуни кои држат кучиња на покривите и гранките, како и кучиња кои бркаат мајмуни низ селото додека жените и децата се засолнуваат на безбедно.

Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца, што предизвикало паника кај родителите. Мештаните апелирале до локалните власти да помогнат во фаќањето на одмаздољубивите мајмуни, а некои се обиделе и сами да ги фатат и да ги спасат кученцата, па неколку луѓе биле повредени.

Експертите за однесување на приматите велат дека студиите покажале дека мајмуните можат да се одмаздат и често одговараат на оние поврзани со првобитниот агресор откако ќе бидат нападнати.

Мајмуните макаки се познати по тоа што се исклучително интелигентни, но и лукави. Не е невообичаено да ограбуваат шпајз и фрижидери или да крадат облека и разни предмети.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!