Вие имате прво да ја знаете вистината

Прослава која тргна на лошо: Огномет му го запали целиот балкон на загрепчанец (видео)

Загрепските пожарникари на својот Фејсбук профил објавија видео од пожарот, кој настанал поради невнимателно ракување со пиротехнички средства.

Јавната противпожарна станица во Загреб на својот Фејсбук профил објави драматично видео од запален балкон од облакодер во загрепската област Равнице и предупредување дека треба да се биде многу внимателен кога се користи пиротехника.

Сопственикот на станот и запалената тераса изјавил дека ракетата го запалила спрејот со лак на балконот и дека малиот противпожарен апарат не бил доволно голем за целосно да го изгаси пожарот.

Сопственикот додаде дека пожарникарите се појавиле за помалку од четири минути и дека, иако пожарот не се проширил на станот, штетата била значителна.

„Имавме среќа“, рече сопственикот, кој им се заблагодари на пожарникарите и соседите и рече: „Слободно покажете го видеото на секој што ќе се обиде да запали ракета“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!