Вие имате прво да ја знаете вистината

Ратко Младиќ на скии, снимка која се појави на социјалните мрежи, еве за што се работи (видео)

Српскиот генерал Ратко Младиќ бил вистински виртуоз на скии, а доказ за тоа е видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Во јавноста горе-долу се е познато за ликот и (не)делото на генералот Младиќ, но малку е познато дека генералот бил и голем скијач.

Тоа го докажува видеото кое е направено во 1995 година на Јахорина, а кое српскиот портал Република ексклузивно го објавува.

Патеката е многу тешка, но многу пријатна. Времето беше погодно цел ден, еве сега и малку снег паѓа. Па, може да се каже дека се изморив, 40 пати слеговме со овие момци и беше вистинско задоволство, наведува генералот Младиќ во споменатото видео.

Да потсетиме, генералот Младиќ, Хашки трибунал го осуди на доживотен затвор за злосторства за време на војните во 1990-тите, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на една од зградите во населбата Врачар во Белград беше нацртан мурал со неговиот лик.

Еден дел од неговата кариера го помина во Македонија каде се родени и неговите деца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!