Вие имате прво да ја знаете вистината

Рафаел Надал позитивен на Ковид-19!

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал (35 г.) објави денска дека е позитивен на вирусот Ковид-19.

Сакав да објавам дека на враќање дома, откако играв на турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19. Сега сум во карантин во мојата куќа, и ги известив сите кои биле во контакт со мене дека сум позитивен, се вели во соопштението на Надал.

Надал минатата недела по пауза од речиси половина година поради повреда се врати на тениските терени, а на ревијалниот турнир во Абу Даби забележа порази од Енди Мареј и Денис Шаповалов.

Шпанецот претходно потврди дека ќе игра на првиот Гренд Слем турнир за следната сезона, Австралија Опен, до кој има повеќе од еден месец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!