Вие имате прво да ја знаете вистината

САД ќе назначи правен советник за Западен Балкан со седиште во Загреб со цел поефикаснко справување со различен вид на криминал

Владата на Соединетите Американски Држави ќе назначи постојан правен советник за зголемување на капацитетот за поефикасна истрага, гонење и сузбивање на корупција како и спречување на организиран криминал за државите од Западен Балкан, односно Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Косово.

Според информациите достапни до јавноста, правниот советник ќе дејствува од Загреб, а помошта ќе биде насочена главно врз измами во јавните набавки, корупција, перење пари, организиран криминал, родово насилство и трговија со луѓе.

Огласот кој беше отворен за заинтересирани истече на 13 декември, а постојаниот правен советник ќе работи во период од 14 месеци, почнувајќи од април 2022 година или приближно на тој датум, со можност за продолжување, во зависност од потребата.

Како што се посочува, постојаниот правен советник ќе биде сместен во Амбасадата на САД во Загреб и ќе работи во тесно партнерство со хрватското Министерство за правда.

Постојаниот правен советник ќе го претставува Министерството за правда во спроведувањето на активностите за техничка помош, финансирано од Бирото за меѓународни наркотици а со цел спроведување на законот на Стејт департментот за зголемување на капацитетот за истрагите, кој вклучуваат најразличен криминал низ Западен Балкан. 

Помошта ќе се фокусира на измами при набавки, корупција, перење пари, организиран криминал, сајбер насилство, родово насилство и трговија со луѓе.

Ова ќе вклучува техничка помош, менторство и совети за истрага, гонење и одлулност во случаите. Исто така, ќе вклучува анализа и совети за постоечките или нерешени закони. Постојаниот правен советник ќе координира и тесно соработува со други советници назначени во различни балкански земји. Дополнително, постојаниот правен советник тесно ќе соработува со персоналот на американските амбасади во сите балкански земји – пишува во текстот на соопштението.

Се појаснува дека мисијата на Канцеларијата за развој има за цел да понуди помош и обука на обвинителствата во странство (ОПДАТ) но и да развие и менаџира техничка и развојна помош дизајнирана да го подобри капацитетот на институциите од правосудниот сектор и нивниот кадар за спроведување на законот.

Оваа помош е обезбедена за да им се овозможи на овие институции и нивниот персонал поефективно да се борат против тероризмот, транснационалниот организиран криминал, корупцијата, финансискиот криминал и другите кривични дела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!