Вие имате прво да ја знаете вистината

Славниот пејач почина од последиците на коронавирусот, со денови беше во индуцирана кома во болницата

Шпанскиот пејач Карлос Марин, познат на нашата публика како член на групата Ил Диво, почина во болница од последиците на коронавирусот.

На Марин му беше дијагностициран Ковид-19 на 7 декември, а следниот ден беше хоспитализиран, а неколку дена подоцна беше ставен во медицински индуцирана кома во Кралската болница во Манчестер.

53-годишниот Шпанец е хоспитализиран на одделението за интензивна нега каде му е извршена интубација, пренесува Дејли мејл.

Смртта на познатиот пејач ја потврди и бендот Ил Диво на Твитер:

Со скршено срце сакаме да ве информираме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин. Ќе им недостасува на пријателите, семејството и обожавателите. Таков глас или дух каков што имаше Карлос никогаш нема да има, се наведува во нивното соопштение.

Марин беше дел од оваа хит-група од нејзиното основање во 2003 година, а Ил Диво, инаку пионери на оперскиот поп, имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!