Вие имате прво да ја знаете вистината

Состојбата во Тирана е непредвидлива, се огласи амбасадата на САД. Луѓе на Харадинај и Сали Бериша преку Македонија дошле на протестите против Вучиќ!?

По повод протестот на албанските екстремисти и демонстранти во Тирана, кои протестираат против посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ, американската амбасада во Албанија ги повика граѓаните да избегнуваат да одат во градот бидејќи ситуацијата е „непредвидлива“.

На американските граѓани им се препорачува да избегнуваат какви било големи собири во градот. Иако може да биде мирно, ситуацијата може брзо и непредвидливо да се промени, соопштија од американската амбасада.

Потсетуваме дека албанските екстремни политичари со помош на политичари од Косово организираа протести против посетата на српскиот претседателот Вучиќ на Тирана во рамки на иницијативата Отворен Балкан, пишува белградски Курир.

Според пишувањето на белградски Курир демонстрантите ќе бидат поделени во две групи – едната требало да се обиде да ја пресече колоната од аеродромот, каде што бил Вучиќ, додека другата ќе протестира пред зградата на Владата во Тирана.

Според извори на Србија данас, организатори на демонстрациите се Саит Долапи, поранешен организациски секретар на локалната Демократска партија и Агрон Куличај и Сали Лушај, луѓе од најголема доверба на поранешниот претседател и премиер Сали Бериша.

Според пишувањето на порталот, Бериша лично го контактирал Рамуш Харадинај за да обезбеди присуство на најмалку 100 лица од Косово на овој протест.

Повикувајќи се на разузнавачки извори, белградски Курир пишува дека нивното префрлање од Косово во Албанија било организирано преку граничниот премин Морина, но и од Црна Гора и Македонија и тоа се прави се за да не може полицијата и да ги спречи да влезат во земјата. 

Потсетуваме, албанските граѓани протестираа против посетата Вучиќ и во 2019 година, кога тој беше во посета на Тирана за да се договори со Еди Рама за иницијативата Отворен Балкан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!