Вие имате прво да ја знаете вистината

Со 30 килограми динамит испрати порак до Маск: Финец незадоволен од цената на сервисот ја разнесе Теслата

Финецот, кој беше шокиран од цената за замена на батеријата на неговиот Tesla Model S, одлучи дека минирањето на неговиот електричен автомобил со кукла на Илон Маск внатре ќе биде посоодветно решение.

Сопственикот рече дека изгубил доверба во компанијата на Маск откако му било кажано да плати 20.000 евра (околу 22.500 долари) за нова батерија за неговиот автомобил. Тој очигледно е меѓу првите купувачи на Tesla Model S, кој постои од 2012 година, па неговата гаранција веќе истече.

Човекот не сакаше да плати толку огромна сума, па контактираше со блогерите од локалниот канал Поммијаткат на Јутјуб, кои се специјализирани за разнесување работи.

Неговата Tesla била однесена во снежна идила покриена со песок некаде во дивината на Финска и натоварена со 30 килограми динамит.

Пред експлозијата на возачкото седиште била поставена кукла со ликот на најбогатиот човек на светот Илон Маск. Куклата претходно била префрлена на локацијата со хеликоптер и паднала во снегот од голема височина.

Огромната експлозија која го претвори електричниот автомобил во распрскани парчиња е снимена од неколку агли и ги воодушеви сите што работеа на снимката, вклучително и поранешниот сопственик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!