Вие имате прво да ја знаете вистината

ССМ: Недела станува неработен ден

Во услови на светската здравствена криза, предизвикана од Ковид-19, се покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници. По пат на социјален дијалог со Влада и работодавачите, со денешното гласање во Собранието од страна на пратениците, успеавме да го обезбедиме ова право на работниците, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Оттаму посочуваат дека едно од главните нивни барања на протестот одржан на 12-ти месецов денеска е изгласано од страна на пратениците во Собранието и конечно почнува да се применува од 1 јануари 2022 година.

– Деведесет и два проценти од работниците ќе одмараат, а оние осум проценти кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, за работа во недела ќе добиваат најмалку дополнителни 50 отсто додаток на плата за секој поминат час за работа во недела, а синдикатите здружени во ССМ веќе преку колективните договори обезбедија и 100 посто додаток на плата за работа во недела, наведуваат од ССМ.

ССМ смета дека ова претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности.

– Заедно стануваме пример за унапредување на работничките права, наведуваат од ССМ. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!