Вие имате прво да ја знаете вистината

Трамп поднесе тужба против државниот обвинител на Њујорк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба против њујоршката обвинителка Летиција Џејмс.

Трамп исто така бара да се прекине граѓанската истрага за неговите бизниси.

Во тужбата на Трамп, поднесена две недели откако Џејмс побара од Трамп лично да сведочи на сослушувањето закажано за 7 јануари, се вели дека истрагата ги прекршила неговите уставни права во „нескриен обид за јавно омаловажување него и на неговите соработници“.

„Нејзината мисија е водена исклучиво од политички причини и желбата да вознемирува, заплаши и да се одмазди на граѓанин кого го смета за нејзин политички противник“, се наведува во тужбата на Трамп, пренесува АП.

Републиканецот Трамп бара трајна забрана за работа на Џејмс, која е член на Демократската партија и конечна судска одлука со која ќе се потврди дека таа ги прекршила неговите права.

Џејмс повеќе од две години истражува дали компаниите на Трамп ги измамиле банките и даночните власти за вредноста на имотот со погрешно прикажување на нивниот бизнис за да добијат поволни услови за заеми или даночни олеснувања.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!