Вие имате прво да ја знаете вистината

Тревис и Кортни Кардашијан ги згрозија обожавателите: „Ова како да е режирано од Квентин Тарантино“

Тревис Баркер, тапанарот на групата Blink-182 и ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан успеаја да ја збунат, но и да ја згрозат јавноста со своите објави на Инстаграм во кои разменуваат нежности.

Ова се првите празници кои Кортни и Тревис ќе ги поминат заедно откако се свршија, а Тревис објави фотографија со Кортни од удобноста на својот дом, додека обајцата носат пижами со животински принт.

„Се што сакам за Божиќ“, напиша 46-годишниот рокер под фотографијата на која ја лиже ногата на својата девојка.

„Беше повеќе од добар“, одговори Кортни во коментарите, но фановите не беа многу ентузијасти за оваа фотографија.

„Некои работи што не мора да ги видиме“, „Што се случува?“, „Ова како да е режирано од Квентин Тарантино“, „Те молам престани“, „Имаш време да го избришеш ова“, се само дел од коментарите кои Тревис целосно го игнорираше.

Парот ја започна својата божиќна прослава со патување во Дизниленд за време на викендот. Ним им се придружија седумгодишниот син Реин (кој Кортни Кардашијан го има со поранешниот сопруг Скот Дисик) и 18-годишниот син Лендон, кој Тревис го доби со поранешната сопруга Шејн Моклер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!