Вие имате прво да ја знаете вистината

Турскиот бизнис сектор го предупредува Ердоган да се врати на правилата од економската наука и да ги укине контраверзните монетарни политики!

Највисокото деловно здружение на Турција ја повика владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се откаже од контроверзната монетарна политика со ниски каматни стапки, поради која се доведе до колапс на вредноста на турската лира, но и враќање на правилата од економската наука.

Лирата падна на рекордно ниско ниво од 17 лири во однос на еден долар во петокот, откако централната банка на држвата одлучи да ја намали основната каматна стапка трет месец по ред.

Во соопштението ТУСИАД (Здружение на турски индустријалци и бизнисмени) тие ја предупредија владата на негативните последици од политиката на ниски каматни стапки, додавајќи дека економските тешкотии им штетат на бизнисите и на граѓаните на Турција.

Како резултат на нестабилноста што ја доживуваме во последно време, стана јасно дека целта на актуелната економска програма нема да се постигне, се вели во соопштението.

Според ТУСИАД , по досегашните активности во рамките на новиот економски модел, создадена е средина на недоверба и нестабилност помеѓу граѓаните. Организацијата тврди дека овој модел може да предизвика многу поголеми проблеми во иднина.

Извозот кој требаше да има најголема корист, трпи од новите мерки, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!