Вие имате прво да ја знаете вистината

Успеал да изеде четири килограми храна а ресторанот го ставил на црната листа за забранети гости

Луѓето кои се однесуваат непристојно најчесто ги исфрлаат од рестораните, но еден Кинез се најде на црната листа поради неверојатна работа. Имено, на Кинезот му е забранет влезот во ресторанот откако во една посета изел четири килограми ракчиња и испил 20 шишиња млеко а поради тоа оттогаш е на црната листа на овој ресторан.

Медиумите за овој настан дознале преку посетителот на ресторанот, кому му бил забранет влезот.

Тој е познат само како г-дин Канг, кој се занимава со пренос во живо на настани, и кој за локалните медиуми изјавил дека му е забранет пристапот до ресторанот за морска храна на скара наречен „Handadi Seafood BBQ“ во градот Чангша.

Иако концептот на ресторанот е „јади колку што можеш“, се чини дека господинот Канг, според зборовите на сопственикот, го сфатил премногу сериозно, бидејќи за време на еден престој таму изел повеќе килограм свински нозе, а следниот пат изел четири килограми ракчиња, па самиот сопственик рекол дека губи неколку стотици јуани секој пат кога Канг јаде во неговиот ресторан.

Дури и кога пие млеко од соја, а може да испие 20 или 30 шишиња. За ракчиња, додека луѓето обично користат клешти, тој користи послужавник. Сите такви луѓе ќе се најдат на списокот на несакани гости – изјавил сопственикот на ресторанот.

Меѓутоа, господинот Канг тврди дека овој ресторан ги дискриминира гостите кои можат многу да јадат, што е и со неговиот случај, а кога му рекле дека не може да влезе во ресторанот, тој им рекол „Да не станува збор за некаква грешка“, додека јавноста на социјалните мрежи медиумите останаа поделени околу мислењата и реакциите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!