Вие имате прво да ја знаете вистината

ФЕДЕРЕР ја заведе МИРКА ДОДЕКА ТАА БЕШЕ ВЕРеНА зА ШЕИК! Нејзиното Љубовното минато е ТУРБУЛЕНТНО, се се смени за една недела

Мирка Федерер е една од најпознатите швајцарски јавни личности на планетата, според официјалната статистика за пребарување на Google. Својата популарност му ја должи на сопругот Роџер Федерер, кого жестоко го бодри од трибините на натпреварите, но и поради нејзината љубовна приказна од минатото.

Мирка Федерер, чие вистинско име е Мирослава Вавринец, емигрирала од Словачка со своите родители кога имала две години. Таа играше и тенис долги години, а почна да го игра по наговор на легендарната Мартина Навратилова .

Нејзиниот најдобар успех беше 76-то место на светот во 2001 година, а една година пред тоа се запозна со својата сродна душа Роџер на Олимписките игри во Сиднеј.

Интересно е што Мирка во тој момент всушност била зафатена – беше верена со богат Арап, како што пишува италијанскиот магазин „Gioia“. Сепак, животот имаше поинаков план за неа, па на крајот таа заврши во прегратките на Федерер.

Тие влегоа во романсата, иако Роџер тогаш не беше свесен дека Мирка во тоа време всушност била свршена со богат арапски шеик. Кога сфатила дека е заљубена во Роџер, Мирка ја раскинала свршувачката.

Роџер ми беше најголема утеха во тие осум месеци опоравување од повредата. Тој ми го врати мојот тениски живот. Кога победуваше, како јас да победувам, изјави во една прилика Мирка.

Мирослава престана да игра тенис во 2002 година поради повреда на стапалото, но остана активна на тениските терени како најголема поддршка за славниот Швајцарец, нема турнир каде што не е со него.

„Кога Мирка ќе се умори од патувањата, тогаш ќе престанам да играм тенис“, рекол Роџер за својата сопруга.

Парот се заколна на вечна љубов во 2009 година на интимна церемонија во Базел, а имаат четири деца, но не ја исклучија можноста за проширување на семејството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!