Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор во САД: Во куќа во Минесота пронајдени седум мртви тела помеѓу кои и три малолетни деца

Локалната полиција во САД, пронашла мртви тела на четворица возрасни и три малолетни деца во куќа во Мурхед, Минесота, саботата навечер.

Засега не се знае на кој начин биле поврзани жртвите, се работи на утврдување на околностите, беше објавено во соопштението на полициската станица Мурхед, а пренесува CNN.

Полицијата во саботата добила дојава од загрижените членови на семејството, а полицајците веднаш направиле увид во објектот. При влегувањето во куќата не се пронајдени траги на насилно влегување или насилство.

Сите седум жртви се пренесени на судска медицина, која по обдукцијата ќе ја утврди причината за нивната смрт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!