Вие имате прво да ја знаете вистината

Цариниците во Белград отвориле куфер и наишле на неверојатна глетка: Како македонецот се обидел да прошверцува кокаин (фото)

Белградските цариници на аеродромот Никола Тесла биле зачудени кога откриле дека 51-годишен државјанин на Македонија донел во Србија куфер полн со облека натопена со кокаин, пренесува порталот Нова.рс.

Овој необичен обид за шверц на дрога бил откриен на 13 декември, кога македонски државјанин од Еквадор, преку Амстердам, допатувал во Белград.

По подигањето на багажот, патникот се упатил кон излезот наменет за патниците кои немаат што да пријават.

Имено, куферот на споменатиот патник бил издвоен за контрола на скенерот кој се наоѓал на излезот, а кога уредот покажал необична боја на гардеробата во куферот, царинските службеници решиле да извршат детален преглед.

Штом патникот го отворил куферот, се почувствувал силен мирис на киселина, а целата гардероба во куферот била влажна и потешка од очекуваното. Во куферот немаше ништо друго освен облека. Ниту чевли, ниту додатоци за лична хигиена, иако патникот рекол дека доаѓа од Еквадор, каде што останал со пријател 13 дена.

На прашањето на цариниците зошто работите се влажни, патникот изјавил дека тоа е во земја од каде доаѓа високата влажност, па испраните работи не успеале да се исушат.

Поради сомнение дека гардеробата е натопена со некоја психоактивна супстанца, царинските службеници направиле прелиминарен тест за присуство на наркотици, кој бил позитивен. Случајот веднаш бил пријавен во полиција. По консултација со Обвинителството било наредено куферот привремено да се чува и да се испрати на вештачење.

Дека примероците биле позитивни на кокаин потврди наодот на Националниот центар за криминалистичка форензика на МВР на Србија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!