Вие имате прво да ја знаете вистината

Цеца славеше Свети Никола, еве кои гости дојдоа на славата на познатата пејачка во вилата на Дедиње (фото)

Цеца Ражнатовиќ вчера го славеше Свети Никола, а нејзините најблиски се собраа во вилата на Дедиње.

Пејачката не ги пречекуваше гостите пред вилата, а меѓу првите пристигнале Богдан Срејовиќ, момчето на Цеца, како и Богдана Ражнатовиќ, нејзината снаа, која цело време се криела од репортеите.

Инаку, Анастасија претходно на мрежите објави видео на кое се гледа како веќе ужива во прославата со својот брат. Таа за оваа пригода облече црн, свечен фустан и беше видно расположена по повод празникот Свети Никола.

Синот Вељко цел ден го поминал во својот дом на Дедиње и помогнал во подготовките за прославата.

Тој ги префрлил масите од помошната просторија во куќата, а потоа во вилата пристигнал кетерингот. Подоцна обезбедувањето на Цеца донело повеќе храна во куќата.

Се појави и духовниот отец на Цеца, владиката Стефан Шариќ, како и Милош Надаждин (фотограф) и Билјана Спасиќ (текстописец).

Подоцна пристигна и кумот на Вељко Ражнатовиќ, Никола Вавиќ, кој дојде рака под рака со поубавата половина.

Меѓу гостите беше и Тара Милутиновиќ, актерка и другарка од детството на Анастасија и Вељко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!