Вие имате прво да ја знаете вистината

Екс-шефот на израелското разузнавање се пофали: Израел беше вмешан во убиството на иранскиот генерал Сулејмани

Израел бил вмешан во атентатот на командантот на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во близина на Багдад во јануари минатата година, изјави шефот на израелската воена разузнавачка служба, генерал-мајор Тамир Хајман.

Во едното интервју тој го опиша атентатот како еден од „значајните и важните“ за време на неговиот мандат, а другото е убиството на лидерот на Исламскиот џихад, Баха Абу ал Ата, пишува денеска израелскиот весник „Харец“.

„Убиството на Сулејмани е достигнување, бидејќи нашите главни непријатели се, според мене, Иранците. Во мојот мандат може да се забележат два значајни и важни атентати“, рече Хајман, додавајќи дека Израел извршил неколку операции за да го попречи ширењето на иранското оружје во регионот.

Сулејмани бил вклучен во иранските воени активности во многу земји, вклучително Ирак, Авганистан и Кавказ, и се сметал за еден од најблиските соработници на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, рече Харец.

Неколку дена по убиството, NBC News објави дека израелската разузнавачка служба им помогнала на САД да го убијат Сулејмани.

Како што беше наведено, доушниците на меѓународниот аеродром во Дамаск ја информирале Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) кога авионот во кој се наоѓал Сулејмани полетал за Багдад, а Израел потврдил дека тоа им го кажал на Американците.

Американскиот информативен веб-сајт Аксиос неодамна објави дека американскиот претседател Доналд Трамп му се доверил на израелскиот новинар Барак Равид дека чувствува дека Ерусалим манипулира со него и дека е „многу разочаран од поврзаноста на Израел со овој настан“.

Трамп, исто така, рече дека поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху е „подготвен да се бори со Иран до последниот американски војник“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!