Вие имате прво да ја знаете вистината

ШОКАНТНИ сознанија! новата студија покажа како омикрон влијае врз белите дробови

Делта беше многу успешна во инфицирање на ткивото на белите дробови и создавање на тешка форма на болеста, за разлика од омикрон.

Една британска студија покажа дека сојот на коронавирус омикрон може да биде помалку успешен во нападот на белите дробови од претходните соеви на вирусот што предизвикува ковид-19.

Студијата на Институтот за терапевтска имунологија и заразни болести во Кембриџ заклучи дека мутациите во шилците на вирусот, поради кои омикронот може да ги избегне антителата, исто така може да го ограничат начинот на кој вирусот се реплицира во белите дробови, што е поврзано со тешка болест.

Овие заклучоци укажуваат на тоа дека омикрон развил способност да го избегне имунолошкиот систем, но во исто време се загрозени неговата способност за реплицирање и неговата патогеност, се наведува во студијата.

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, кој ја водеше студијата, рече дека се соочуваме со предизвици и покрај навидум позитивните заклучоци од студијата.

Тој напиша на Твитер:

Што значи сето ова? Ефективната инфекција на белодробните клетки може да биде во корелација со сериозноста на белодробната болест. Синцитија, мултинуклеарни клетки, често се гледаат во респираторните ткива земени по тешка болест. Делта беше многу успешна во инфицирање на ткивото на белите дробови и создавање на тешка форма на болеста, за разлика од омикрон. Потребни се дополнителни истражувања и извештаи.

Да резимираме, овој труд покажува дека омикронот станал поотпорен на имунитетот, но дека неговите својства поврзани со прогресијата на болеста може да бидат донекаде ослабени. Сепак, значителното ширење на омикрон претставува голем предизвик за јавното здравје.

Резултатите од студијата беа објавени откако Медицинската советодавна група SAGE во Обединетото Кралство издаде ажурирана проценка и рече дека е „речиси сигурно дека сега има стотици илјади нови инфекции со омикрон секој ден во Англија“, поттикнувајќи извештаи дека построги ограничувања за пандемијата може да бидат воведени после Божиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!