Вие имате прво да ја знаете вистината

Јапонскиот милијардер и неговиот асистент по 12 дена поминати во вселената усшешно се вратија на Земјата

Јапонскиот милијардер, Маезава Јусаку и неговиот асистент Јозо Хирано се вратија на Земјата по 12 дена поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Јусаку, неговиот асистент и рускиот космонаут, Александар Мисуркин успешно го слетаа вселенското летало Soyuz MS-20 во областа југоисточно од Јазказган, Казахстан, денеска, односно понеделник наутро.

Слетувањето во живо го пренесуваше Руската агенција за вселенски истражувања, Роскосмос.

По церемонијата и пречекот, екипата беше префрлена во специјален центар во Москва, каде што ќе го спроведе процесот на рехабилитација.

Јусаку и неговиот асистент во ISS спроведоа серија претходно утврдени испитувања. Покрај тоа, тие учествуваа и во научната студија „Лазма“ на руски научници чија цел беше да го испитаат протокот на крв во вселената.

Ова беше и прва туристичка посета на ISS од 2009 година.

Јапонскиот милијардер полета од вселенската база Бајкон во Казахстан на 8 декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!