Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја водеше кампањата на СДСМ во 2008 година, а сега му се заканува на српскиот претседател: Вучиќ ќе завршиш како Чаушеску!?

Дел од српските опозицонери и хрватските експерти како да застанаа на исти позиции, со намера да го предупредат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Нападите на српската опозиција врз Вучиќ беа потврдени со слични пораки во Хрватска, од каде се огласи хрватскиот експерт Крешимир Мацан.

Познатиот српски режисер Горан Марковиќ, кој е син на познатите актери Раде Марковиќ и Оливера Марковиќ, изјави дека ако не се симне доброволно од власт Вучиќ ќе заврши како романскиот диктатор, а на тоа сега се надоврза и Мацан.

Крешимир Мацан, хрватски експерт за комуникации за кризи, се согласи со режисерот Горан Марковиќ и заканата од егзекуција:

На крајот Горан Марковиќ не кажува ништо погрешно, ако не застанеш ќе завршиш како Чаушеску, рече Мацан!

Инаку Крешимир Мацан и е познат на македонската јавност, во 2008 година тој беше ангажиран на кампањата на тогашната опозициска коалиција Сонце, предвидена од СДСМ кога на чело на партијата беше Радмила Шекеринска. Има учествувано во кампањата на екс градоначалникот на Сплит, Жељко Керум, како и во неколку кампањи на СДП во Хрватска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!