Вие имате прво да ја знаете вистината

Бурна реакција на Еди Рама на палењето на српските знамиња: Го трпиме понижувањето на старите лопати во албанската политика (видео)

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на срамните сцени што се случија во Тирана и палењето на српското знаме од екстремистите собрани од поранешниот премиер Сали Бериша.

Рама рече дека за време на неговата посета во Белград биле закачени албански знамиња и потсети дека, иако едно било запалено, сторителите веднаш биле уапсени.

Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои ја имаме поддршка од Албанците да работиме, да се развиваме, а не да го трпиме валкањето од „старите лопати“ на албанската политика – посочи Рама.

Албанските екстремисти вчера запалија и ги кинеа српските знамиња во Тирана, додека поранешниот премиер Сали Бериша од говорница ја нападна иницијативата „Отворен Балкан“ и Србија.

Според извори на белградски Курир, организатори на демонстрациите се Саит Долапи, поранешен организациски секретар на локалната Демократска партија и Агрон Куличај и Сали Лушај, луѓе од најголема доверба на поранешниот претседател и премиер Сали Бериша.

Добро упатените соговорници, пишува Курир, тврдат дека Бериша лично го контактирал Рамуш Харадинај за да обезбеди присуство на најмалку 100 лица од Косово на овој протест.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!