Вие имате прво да ја знаете вистината

Татко му беше алкохоличар, мајка му умре од леукемија: Горан Бреговиќ денес ужива во богатството, но лузните од детството не може да ги избрише

Горан Бреговиќ важи за еден од најбогатите луѓе во Србија, а во една прилика тој проговори и за своето детство и откри една болка која никако не може да ја преброди.

Горан Бреговиќ важи за една од најуспешните јавни личности на Балканот, тој исто така е и на листата на најбогати луѓе во Србија, но сето тоа богатство не може да ги избрише траумите од детството што ги преживеал. Пред неколку години отворено зборуваше за сето она низ кое поминал додека растел и созревал како личност.

Неговиот татко бил воено лице и бил голем љубител на алкохолот. Поради оваа причина дошло до развод бидејќи иако постоело голема љубов помеѓу неговите родители, мајка му не можела да го толерира толку пијанството на неговиот татко, па решила да го остави.

Набргу по разводот, неговата мајка се разболела од леукемија, а потоа и ја загубила битката за животот.

Моите родители многу се сакаа. Татко ми беше воено лице и пиеше многу алкохол. Тие двајца се разведоа поради тоа. Но, тоа беше голема љубов. Кога мајка ми боледуваше од леукемија, таа се лекуваше во болница во Сплит, во градот, каде што татко ми живееше со неговата друга жена. Таа негова втора сопруга ми кажа дека татко ми по цели ноќи исчезнувал од дома. Таа го следела и видела дека тој излегува од дома и оди до болницата во која која мојата мајка умираше. Тој потоа цела ноќ седел надвор под прозорецот од собата во која мајка ми полека го губеше својот живот и пушел цигари, изјави Горан во едно негово телевизиско гостување.

Таткото на Горан пред смртта на мајка му успеал да го надмине порокот и да се опорави од алкохолот, но бидејќи многу ја сакал сопругата, откако дознал дека таа починала, останал сам, и се посветил на производството на вино, а со тоа повторно почнал да се дружи со чашката.

Беше рехабилитиран од алкохолизам, но кога мајка ми умре, се врати во селото и насади многу лозје. Потоа тој повторно почна да пие. Пиеше околу илјада литри вино годишно, многу плодно беше тоа лозје. И најголем дел од виното го испи тој сам. Ако постои тажна приказна за да се илустрира големата љубов која пропадна поради алкохолот, тоа е таа приказна од моето семејство, изјавил Горан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!