Вие имате прво да ја знаете вистината

Денес почнува зимата, денес е најкраткиот ден во годината, арктикот ќе биде во темнина цели 24 часа

Зимата започнува денеска во 16 часот и 59 минути, соопшти Астрономското друштво Руѓер Бошковиќ од Белград. Во исто време, летото започнува за жителите на јужната хемисфера.

Сонцето изгрева во 7:12, а заоѓа во 15:59 часот, што значи дека денот ќе трае 8 часа и 47 минути, а ноќта ќе трае 15 часа и 13 минути.

Денеска е најкраткиот ден во годината, најдолгата ноќ, а кругот околу Арктикот ќе биде во темнина цели 24 часа. Сепак, после тоа деновите многу постепено, ќе почнат да се продолжуваат и ќе бидат малку подолги до крајот на годината.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!