ИМАМ ТУМОР И САКАМ ДА ЖИВЕАМ УШТЕ многу ГОДИНИ! Емотивна исповед на ЛЕГЕНДАТА на Италија, се уште се нема излечено од опасната болест
Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Џанлука Вијали (57) беше целосно отворен во разговорите за неговата здравствена состојба.
Славниот напаѓач на Сампдорија, Јувентус, Челзи и на италијанската репрезентација се бори со ракот на панкреасот од 2017 година, а во 2020 година доби потврда дека ја победил опасната болест .
Сега на промоцијата на книгата во Лондон отворено призна дека битката се уште не е завршена.
Се чувствувам добро, но моето патување сè уште не е завршено. Тој ‘непосакуван гостин’, да го наречам така, сè уште е со мене. Моментално го одржувам, но туморот е сè уште таму. На моменти тоа е забележливо, и понекогаш не е, рече Виали.
Италијанецот имаше незаборавна 2021 година, бидејќи со Италија го освои Европското првенство како дел од стручниот штаб на неговиот пријател Роберт Манчини. А целта му е да остане со Азурите што подолго.
Ќе продолжам да се борам, бидејќи сакам да бидам тука уште многу години. Сакам да ме трпите уште долго. Моето семејство, пријателите и сите што ми даваат храброст ми даваат сила, додаде славниот центарфор и еден од хероите на европскиот фудбал во 1990-тите.