Вие имате прво да ја знаете вистината

Не им се верува што им се случува: Градот на Александар Велики покриен со снег (видео,фото)

Египетскиот медитерански град Александрија беше изненаден од снежни врнежи. Фотографии и видеа од реткиот феномен во регионот ги преплавија социјалните мрежи, а времето беше опишано како „европско“.

Властите ги затворија пристаништата во Александрија и Делија, објави Ал Ахрам. Поради неповолната прогноза за регионите Каиро и Александрија, наставата беше прекината.

Во северниот дел од земјава се очекува и песочен ветер кој ќе доведе до опаѓање на температурите и намалена видливост на патиштата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!