Вие имате прво да ја знаете вистината

Пронајден е во станот со кабел околу вратот, Кристијан Голубовиќ плачејќи прв пат зборуваше за самоубиството на неговиот татко (видео)

На каналот на порталот Србија данас ќе биде емитувано ексклузивното интервју со Кристијан Голубовиќ. Како што пишуваат српските медиуми, за прв пат Голубовиќ говорел за смртта на неговиот татко.

Во ексклузивната исповед, како што се најавува во рекламата на новата емисија, жестокото момче од белградскиот асфалт плачеше додека зборуваше за најболната тема во животот – самоубиството на неговиот татко.

Погледнете ја најавата за новата емисија: Помеѓу два огна.

Кристијан Голубовиќ е роден во 1969 година во Минхен. Како што самиот тврди, тој бил зачнат истото утро кога неговиот татко Србољуб бил однесен на доживотен затвор.

Младиот Кристијан тргна по стапките на својот татко. Како малолетник ја издржувал казната во воспитно-поправен дом, откако неговиот пријател Милорад Улемек Легија и тој се степале со група млади момчиња во центарот на градот.

Познати се овие почетоци во водите на криминалот на Кристијан Голубовиќ, но кој е неговиот татко и каква слична судбина ги врзува?

Во едно интервју, Кристијан го кажа следново за својот татко:

Која е мојата судбина да бидам зачнат од единствениот обид на татко ми да направи син и истата вечер беше однесен на доживотен затвор. Целата оваа ситуација го навестува текот на неверојатни настани од еден живот, мојот живот. Всушност, мајка ми таа 1969 година беше бремена со сестра ми, која ја роди на Водици на 19 јануари, а веднаш по породувањето, мојот татко кој тогаш се криеше поради потерницата за вооружен грабеж со смртен исход, веројатно суетно налутен дека не добил син, ја оплоди мајка ми, а истото утро беше уапсен и однесен на доживотен затвор.

Првпат го запознав мојот татко во едно од првите одделенија во основното училиште, по неговото спектакуларно бегство од тогаш најчуваниот затвор во Германија, во Минхен. Дете кое порасна без татко, по кого копнееше секој ден во својот краток живот, тајно создава херој во себе во облик на својот силен татко, кој беше предмет на моето просудување и идеологија на крајно екстремен начин, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!