Вие имате прво да ја знаете вистината

Тешки денови за Виктор Орбан, здружената опозиција со предност во анкетите, дали Фидес оди во опозиција?

Неколку месеци пред изборите

Во декември, обединетата унгарска опозиција ја задржа предноста од три отсто пред националистичката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан. Тоа го покажува студијата на Центарот Републикон, пренесе Ројтерс.

За прв пат од доаѓањето на власт во 2010 година, 58-годишниот Орбан ќе се соочи на парламентарните избори, кои најверојатно ќе се одржат во април, со една обединетата опозиција која во своите редови ги вклучува социјалистите, либерали и поранешна екстремна десница и сега десниот центар Јобик.

Според анкетата на Републикон, поддршката за шесте партии кои се дел на здружената опозиција е 36 отсто од сите гласачи, додека за Фидес има доверба од 33 отсто.

Секој четврти гласач изјавил дека се уште не одлучил за кого ќе го даде својот глас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!