Вие имате прво да ја знаете вистината

Американски воен Институт на праг пред големо откритие! Развиваат вакцина која е отпорна на сите варијанти на вирусот Ковид-19 вклучително и Омикрон!

Во следните неколку недели, научниците од американскиот воен истражувачки институт „Walter Reed“ се очекува да објават дека развиле вакцина која е ефикасна против вирусот Ковид-19 и сите негови варијанти, вклучително и Омикрон.

Тие исто така велат дека вакцината е ефикасна и против претходните вируси САРС поради кои милиони луѓе ширум светот го имат изгубено својот живот.

Достигнувањето на научниците е резултат на двегодишна работа. Воената лабораторија ја доби првата ДНК секвенца на вирусот предизвикан од Ковид-19 на почетокот на 2020 година. Уште во раната фаза на пандемијата, Одделот за заразни болести на Институтот Walter Reed одлучи да се заснова на развој на вакцина која ќе делува не само против постоечкиот вид, туку и против сите негови потенцијални варијанти и мутации.

Претходно оваа година, вакцината „Spike Ferritin Nanoparticle“ (SpFN) на Институтот Walter Reed тестирана врз животните заврши со позитивни резултати. Првата фаза од испитувањата врз луѓе, кои беа тестирани со вакцината против Омикрон и сите други варијанти, заврши овој месец со добри резултати кои сега се во завршна фаза, изјави раководителот на Институтот за заразни болести Walter Reed, др. Кајвон Моџарад.

За разлика од другите вакцини, вакцината SpFN користи протеин во форма на фудбалска топка со 24 различни форми на одбрана, што им овозможува на научниците да обезбедат заштита од различни варијанти и мутации на вирусот.

Многу сме возбудени што стигнавме до оваа точка на истражувањето, изјави Моџарад.

Тој додаде дека човечките испитувања на вакцината траеле подолго од очекуваното бидејќи лабораторијата требало да ја тестира вакцината на субјекти кои не биле вакцинирани или претходно не биле заразени со вирусот Ковид-19.

Зголемените стапки на вакцинација и брзото ширење на варијантите на Делта и Омикрон го отежнаа истражувањето.

Со појавувањето на новиот вид Омикрон, нема начин да се избега од овој вирус. Нема да можете да избегнете а да не бидете заразени. Затоа, мислам дека наскоро или цел свет ќе се вакцинира или сите ќе се заразат, посочи Моџарад.

Следниот чекор е да се види како функционира новата вакцина кај луѓе кои претходно биле вакцинирани или претходно биле болни од вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!