Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс: Веројатно влегуваме во најлошиот момент од пандемијата!

Новиот вид на вирусот Ковид-19, Омикрон, ќе не погоди сите, предупреди американскиот претприемач и еден од основачите на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс. Тој на својот Твитер профил истакна дека ги откажал повеќето планови за празниците токму поради вирусот.

Токму кога се чинеше дека животот се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата. Омикрон ќе не погоди сите. Моите блиски пријатели го имаат сега и јас ги откажав повеќето од моите планови за одмор по повод празниците, напиша Гејтс.

Тој оцени и дека ако има добри вест сепак тоа не го менува фактот дека Омикрон се шири толку брзо што кога ќе стане доминантен во многу држави, бранот на тој вид би требало да трае помалку од три месеци.

Тие неколку месеци може да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година, стоеше во обајвата на Гејтс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!