Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, минатиот ден одржа прес-конференција на која зборуваше за актуелните теми во неговата држава но и во Европа, а тој коментираше и за ситуацијата на Балканот односно за Босна и Херцеговина.
Според Виктор Орбан, ситуацијата на Балканот не може да се стабилизира без Србите и без Боснците, односно конкретно за ситуацијата во Босна, таа не може да се стабилизира без босанските Срби.
Српскиот народ е клучен на Балканот. Балканот не може да се стабилизира без Србите, без Боснците, а додека Босна не може да се стабилизира без босанските Срби. Српскиот народ е клучен за Балканот – изјави Виктор Орбан, премиерот на Унгарија.
Тој зборувајќи за неговите блиски врски со Милорад Додик, водачот на босанските Срби, Орбан изјави дека јужната граница на Унгарија е само на 70 до 80 километри од границата со Босна и Херцеговина.
Кога започна југословенската војна, низ нашата држава поминаа десетици илјади луѓе. Доколку дојде до конфликт таму, тие луѓе доаѓаат во Унгарија следното утро, изјави тој и додаде дека целта на Унгарија е да ја пополни празнината помеѓу Унгарија и Грција.