Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Словенија уапсен маж кој се вакцинирал за други

Во Словенија е приведен маж кој во последните два месеци седум пати бил вакциниран против Ковид-19, а четворица други, во чие име бил вакциниран, ќе бидат кривично гонети затоа што на овој начин добиле потврди за вакцинација од ковид-19, објавија медиумите.

Тие се товарат за манипулација со вакцинација бидејќи со намера ги довеле во заблуда здравствените власти , па на невакцинирани, им издале потврда за вакцинирани.

„Тој што ќе добие потврда од надлежен државен орган или нотар со лажна изјава која може да послужи како доказ во правен промет, може да се казни со затвор до три години“, предупредуваат од полицијата во соопштението, додавајќи дека доколку знаеле за манипулацијата со податоци, лицата кои користат или издале таков сертификат може да бидат казнети.

За пари ангажирал човек што ќе се вакцинира

Полицијата соопшти дека четворица мажи кои не сакале да се вакцинираат за пари ангажирале лице со социјални проблеми, кое било вакцинирано во различни центри за вакцинација користејќи ги нивните здравствени картички, а било уапсено кога по осми пат се пријавил за вакцинација и сега е во притвор.

„За овие вакцинации тој доби ниска парична награда од останатите четворица осомничени, кои ги искористија неговите проблеми и околностите во кои живее и го доведоа до кривично дело без да го земат предвид неговото здравје“, соопшти словенечката полиција во изјава.

Засега нема коментари од здравствените власти

Здравствените власти засега не коментираат колку може да бидат опасни повторените вакцини и какви се последиците од тоа.

Првите случаи на слично фалсификување на вакциналниот статус во Словенија се забележани во септември, кога во Љубљана беа пријавени неколку исти вакви случаи. Вообичаено, работата ја преземале луѓе од маргините, бездомниците или наркозависниците кои добивале околу 150 евра за една добиена доза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!