Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Франција кружи голема „теорија на заговор“: Брижит Макрон е родена како машко !? (видео)

Според магазинот Le Figaro, француската прва дама има намера да покрене правна постапка и да поднесе тужба против иницијаторот на оваа луда теорија.

Контроверзната приказна која беше објавена во екстремно десничарското списание Faits et Documents во септември, инсистира дека истражувањето за оваа тврдење е направено во тригодишна истрага поддржана од многу експерти.

Месечното списание од 12 страници, кое објави серија бизарни теории за разни јавни личности, наводно ја обвини и Брижит Макрон, сопругата на Емануел Макрон, дека таа е родена како маж по име Жан-Мишел Трогу.

Наташа Реј, новинарката за која се вели дека ги истражувала наводите, даде речиси четиричасовно интервју за медиумите за оваа теорија, а пред да биде избришана од платформата YouTube, ја прегледале повеќе од 470 илјади луѓе.

Бизарната теорија се прелеа и на социјалните мрежи, со смешни објави кои кружеа околу фамилијата на Макрон овој месец, а ознаката #JeanMichelTrogneux стана една од темите на кои најмногу се дискутираше на францускиот Твитер минатата недела.

Тоа беше споделено и на бројни профили на Твитер од теоретичарите на заговор, со повеќе од 34.000 твитови кои ја користеа оваа ознака т.е. хаштаг.

Ова не е прв пат некоја позната жена да биде мета на вакви теории, бидејќи во 2017 година слични апсурдни тврдења беа изнесени и за поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.

Интересно е што бизарната гласина во Франција се појави само неколку месеци пред следните претседателски избори кои се закажани за во април следната година, на кои, според анкетите на јавното мислење, иако се уште официјално не ја објавил својата кандидатура, Макрон ќе добие втор мандат како претседател на Франција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!