Вие имате прво да ја знаете вистината

Германскиот канцелар Олаф Шолц вознемирен по разговорот со Владимир Путин: Телефонскиот разговор со Путин беше крајно непријатен

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изрази загриженост за акумулацијата на руски војници на границата со Украина во телефонски разговор кои го имаше со рускиот претседател, Владимир Путин, изјави портпаролот на германската влада.

Германскиот канцелар изрази загриженост за оваа ситуација и зборуваше за итна потреба од решавање на ова прашање, наведе германскиот портпарол во изјавата.

Во телефонскиот разговор на рускиот претседател, Владимир Путин и германскиот канцелар, Олаф Шолц, помеѓу другото се разговарало и за предлозите на Русија за долгорочни безбедносни гаранции за НАТО, соопштија од Кремљ. 

Во делот од разговорот кој се однесуваше на тема Украина, Путин посочил дека Киев се уште избегнува спроведување на проектот Минск-2.

На барање на канцеларот на Германија детално се разговараше за прашањата за решавање на внатрешниот украински конфликт и можното одржување на нов самит во нормандиски формат, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин го имаше првиот телефонски разговор со Шолц откако тој ја презеде функцијата, рускиот претседател му честиташе за отпочнувањето со работа како федерален канцелар, а двајцата лидери изразија интерес за развивање на руско-германските односи во повеќе области.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!